Со победата над Струга во плеј-аутот во ракометната Суперлига, ракометарите на Куманово и дефинитивно го обезбедија опстанокот во „елитата“. На крајот Куманово славеше со 30-21, и со тоа направи предност со која не може да испадне.
Гостите добро парираа во првиот дел. На неколку пати успеаја да дојдат до егал, но потоа серија на грешки кои Куманово ги казни, па така дојдоа и до предност од +4 на полувремето.
Домашните ракометари брзо ја зголемуваа разликата, која стана веќе недостижна за Струга, за на крајот убедлив триумф. Димевски и Фелипе со седум гола беа најефикасни кај победничкиот тим, додека кај Струга шест гола постигна Стојков.
Струга ќе игра против Радовиш, и тоа ќе биде директна битка за опстанок, а една од овие екипи ќе треба да игра бараж.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА