Куманово лесно и со Феникс за продолжување на максималниот ефект

Кошаркарите на Куманово ја запишаа и третата победа на стартот од новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига, триумфирајќи убедливо со 99-81 против екипата на Феникс.

Пред своите навивачи, кумановци уште во првата четвртина најавија дека ќе атакуваат на триумфот добивајќи ја со 24-19. Веќе се беше јасно по вториот период од играта кој го добија со 29-10.

Во второто полувреме се продолжи во ист стил за конечен убедлив триумф.

До победата предводеше одличниот Луковиќ со 22 поени и 18 скока, а 22 поени постигна и Стевановиќ. Кај гостите 22 поени постигна Рахама.

Куманово сега со три победи од исто толку меча се израмни на врвот од табелата со ТФТ Скопје.

Се вчитува...