Кумановци активни: Старо-нов тренер, старо-нов играч и нови договори

Раководството на Куманово се активираше во изминатите денови, па по заминувањето на Марјан Србиновски веднаш беше најдено решение за тренерската функција. Всушност станува збор за старо-нов тренер на „сино-белите“, Игор Михајловски, кој се враќа на клупата на оваа екипа по пауза од две години.

Покрај новиот договор со Марјан Јанески, за кој веќе информиравме, продолжена е соработката и со Димитар Караџовски и со Тони Караколев, а планирано е и останување на младите кошаркари кои и лани беа дел од тимот на Куманово. Веќе е доведено и едно засилување, станува збор за центарот Александар Штерјов, кој исто како и Михајловски е повратник во овој клуб.

Потпишани се новите договори со Јанески, Караколев и со Караџовски, а за нов старо-нов тренер го именувавме Игор Михајловски, кого го сметаме за најдобра опција за нашиот клуб во моментов. Планираме што поскоро целосно да се екипираме, па во преговори сме со двајца домашни и двајца странски кошаркари, чиј исход ќе се знае наскоро“ – информираат од КК Куманово.

Се вчитува...