Кумот на Клоп ќе биде новиот тренер на Борусија Дортмунд

Раководството на Борусија Дортмунд размислува одново да направи промени во стручниот штаб, односно тренерската позиција. Како главна мета за нов стратег се споменува најдобриот пријател и кум на Јирген Клоп, менаџерот на Хадерсфилд, Давид Вагнер. Челниците на „милионерите“ се задоволни со неговата работа во таборот на „териерите“, Вагнер со иновативни методи и многу малку вложување успеа да го донесе клубот во елитата во Англија, и при тоа да успешно да ја врши задачата во обид да го задржат статусот премиерлигаш.

Она што најмногу ги привлекува е стилот на Вагнер кој потсетува на неговиот пријател. Вагнер и Клоп четири години играа заедно во Мајнц, при тоа беа цимери, а подоцна додека Клоп го водеше првиот тим на Дортмунд, Вагнер раководеше со младинците. Во тој период нивната соработка била константна, па не е ни чудо што делат слични идеи. Токму поради тоа раководството смета дека Вагнер би бил идеален тренер кој конечно ќе може да постави темели на клупата, и да ги води долги низ години.

Со доаѓањето на Питер Штегер се смирија страстите во клубот по оние лоши резултати под водство Питер Бош, сепак ситуацијата не е идеална и по палката на екс-тренерот на Келн. Иако се уште немаат пораз во Бундес – лигата откако Штегер е на клупата, но челниците имаат замерки за неколку изненадувачки резултати против противници кои Дортмунд можеше да ги победи. Исто така замеруваат што Дортмунд не игра атрактивен и напаѓачки фудбал, нешто на што навивачите се навикнаа.

Се вчитува...