Куп на Италија: Јувентус лесно ја совлада Сампдорија и се пласираше во 1/4 финалето

Екипата на Јувентус се пласираше во 1/4 финалето на италијанскиот Куп, откако вечерва ја совлада Сампдорија со убедливи 4-1.

Квадрадо во првиот дел во 25. минута и Ругани во 52. минута, донесоа 2-0 за Јуве. Конти успеа да намали и да ја врати неизвесноста. Меѓутоа Дибала во 67. минута и Мората во 77. минута донесоа конечен триумф на Јуве.

Понатаму оди и Лацио кој претходно во продолженијата го совлада Удинезе со голот на Имобиле во 106. минута.

Претходно во 1/4 финалето се пласираа Фиорентина, Аталанта и Милан.

Се вчитува...