Куп на Италија: Милан по продолженија го скрши отпорот на Пандев и Џенова

Милан осигура четвртфинално место во Купот на Италија откако на домашен терен славеше против Џенова со 3-1 по продолженија. Клубот на нашиот Горан Пандев прв поведе преку Остигард во 17. минута, а Жиру го изедначи резултатот во 74. минута.

Во продолжението „росонерите“ ги искористија своите шанси преку Леао во 102. минута и Алексис Салемакерс во 112. минута па сега во следната фаза го чекаат подобриот од дуелот помеѓу Лацио и Удинезе.

Доскорешниот капитен на македонската репрезентација натпреварот го започна од клупата, а беше дел од својот тим во продолжението откако влезе во игра во 87. минута.

Се вчитува...