Куп на Италија: Пресврт победа на Рома за место во четвртфиналето

Рома се пласираше во четвртфиналето од Купот на Италија откако на домашен терен славеше над Лече со 3-1. Гостите први поведа во натпреварот преку Калабреси во 14. минута, но до крајот на мечот „волчицата успеа да направи целосен пресврт.

Изедначување донесе Кумбула во 40. минута, а потоа стрелаа и Тами Абрахам во 54. минута и Шомуродов во 81. минута за лесна победа. На гостите не им беше во прилог ниту црвениот картон на Гаргуло па од 62. минута беа со играч помалку.

Се вчитува...