Куп на Шпанија: Атлетик Билбао по Барселона, го доби Реал Мадрид

Само еден ден откако го елиминираше тимот на Барселона, Атлетик Билбао доби нова тешка задача во Купот на Шпанија. Тимот од Билбао го доби Реал Мадрид за противник во 1/4 финалето на денешната ждрепка во Копа дел Реј.

Реал Сосиедад за противник го доби Бетис, додека Валенсија на домашен терен ќе игра со Кадиз. Рајо Валјекано за противник го доби тимот на Мајорка.

 

Се вчитува...