Атлетик Билбао и Валенсија ремизираа со 1-1 во првиот полуфинален натпревар од Купот на Кралот. Домаќинтие први поведоа, имаа и играч повеќе во второто полувреме, но не успеаја да ја задржат предноста пред вториот меѓусебен натпревар.
Натпреварот го отвори Гарсија во 37. минута за водство од 1-0 на домашниот состав, а и покрај тоа што Валенсија остана со играч помалку од првата минута од судиското продолжение на првото полувреме по црвениот картон на Гомез, во 65. минута успеа да го изедначи резултатот преку Дуро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА