Куртоа: Франција не беше подобра, цело време се бранеше

Тибо Куртоа беше најдобар поединец во белгискиот табор со неколку одлични одбрани, но и тоа беше недоволно за да се спречи поразот во полуфиналето. Одличниот голман смета дека неуспехот е незаслужен бидејќи Французите не покажале ништо повеќе од Белгија на овој натпревар.

„Франција не беше подобра од нас. Тие цело време се бранеа во сопствената половина, добро го правеа тоа и затоа победија. Не треба да сме изненадени, така играат цело светско првенство, истиот рецепт го употребија и против нас. Штета“ – изјави Куртоа.

Белгиецот по враќањето дома ќе се насочи кон потрагата по нов клуб, откако одби да потпише нов договор со Челси, па сигурно ќе биде продаден во овој преоден рок.

Се вчитува...