Куртоа и Валверде повредени, денеска одат на прегледи

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа и играчот од средниот ред Федерико Валверде се повредија за време на натпреварот против Барселона во вчерашното „Ел Класико“ во Ла Лига. Реал славеше со 2-1 во најважниот меч во сезоната, но данокот го плати со две повреди.

Валверде се појави на теренот во вториот дел, но 20 минути по влегувањето беше заменет поради повреда. Според медицинскиот тим, фудбалерот има повреда на коленото, а првичната прогноза е дека уругвајскиот интернационалец ќе отсуствува најмалку десет дена од терените.

Куртоа имаше проблеми со десната нога во обид да расчисти една топката во својот шеснаесетник, за сериозноста на повредата наскоро се очекува целосен и детален медицински извештај.

Се вчитува...