Куртоа „распали“ по ФИФА и УЕФА: Гајле ви е за фудбалерите, само парите ви се во памет!

Голманот на Белгија и Реал Мадрид, Тибо Куртоа, ушати жестоко обвиненија кон двете водечки фудбалски организации, европската (УЕФА) и светската (ФИФА) за нивниот однос кон фудбалерите и сѐ погустиот календар на мечеви.

Куртоа жестоко реагираше за нелогичноста да се игра меч за трето место на фајнлфорот во Лигата на нации, како дополнување на комплетниот хаос кој владее во последно време и со распоредот со кој фудбалерите буквално на секои три дена играат мечеви.

„На никој не му е галје за фудбалерите. Еве зошто игравме за трето место, видете кои беа составите на двата тима? И одговорот е игравме зашто УЕФА ја интересираат само парите. Па таа смисли и Лига на Конференции, па после им смета што некој сака Суперлига. А, сѐ се сведува дека на УЕФА гајле и е за фудбалерите, сѐ им е за нивните џебови, сѐ им е во парите. Никој со нас не разговара, не се слуша нашиот глас, па уште сега слушаме ќе се играло Европско и Светско првенство на две години…“, изјави Куртоа.

Се вчитува...