Куртоа: Срамота е да се игра на ваков терен, ова не е добра слика за Ла Лига

Тибо Куртоа беше на висина на задачата кога му требаше на својот тим и не дозволи Реал да прими гол на гостувањето кај „Валјекас“, кое нема да се памети по многу убава и течна игра и поради лошите услови на теренот.

Голот на Карим Бензема на седум минути пред крајот му донесоа нова победа на „кралскиот клуб“, но Тибо Куртоа по мечот говореше за лошата слика која ја остава Ла Лига со терени како оној на Рајо Валјекано.

„Ова беше комплициран натпревар, теренот не беше добар и не беше на потребното ниво. Најдобро е да се игра на нормален терен отколку на вакво нешто. Ова не е добро за Ла Лига, ако сакаме да оставиме добра слика, мислам дека ова не е вистинскиот терен. Знам дека не е лесно да се одржува теренот на високо ниво, но ова не е добро за никој. Имав мирно прво полувреме, но во второто ги искористив своите два метри за да бранам што можев да бранам. Беше уште подобро чувството кога постигнавме гол за победа, не можеше подобро од тоа“, изјави Белгиецот.

Се вчитува...