Кутињо даде гол за Бразил и заплака дека не направи трансфер во Барса?!

Бразил го совлада Еквадор со 2-0 и убедливо се зацврсти на првата позиција во квалификациите за СП 2018. Паулињо и Кутињо беа стрелци на головите, а фудбалерот на Ливерпул заплака по постигнатиот погодок, најверојатно поради тоа што сепак не успеа да направи трансфер во Барселона.

Тој остана на клупата за резерви, но доби шанса за игра во вториот дел и ја искористи на најдобар можен начин.

Аргентинците беа на гости во Уругвај и мечот заврши без голови, а повторно повреда заработи Луис Суарез по дуелот со Николас Отаменди. Парагвај славеше на гости против Чиле со 0-3, откако Видал си постигна автогол, а потоа стрелаа Касерес и Ортиз.

Резултати: Чиле – Парагвај 0-3, Уругвај – Аргентина 0-0, Бразил – Еквадор 2-0, Перу – Боливија 2-1.

Табела: Бразил 36, Колумбија 25, Уругвај 24, Чиле 23, Аргентина 23, Перу 21, Парагвај 21…

Се вчитува...