Ракометарите на Е. Пелистер остануваат во трката за шампионската титула во плејофот откако рутински славеа на домашен терен над Бутел со убедливи 35-26. Битолскиот тим ја оправда фаворитската улога, не дозволувајќи победата воопшто да биде доведена во прашање, чувајќи и дел од силите за претстојните предизвици.
Бутел успеа да парира само до 11-11, но „пелистерци“ во клучен момент направија серија од 4-0 и се одлепија резултатски, по што на одмор заминаа со предност од 15-12. Отпорот на гостите беше скршен уште во раната фаза од второто полувреме по што Пелистер поведе со 21-14, рутински зголемувајќи ја предноста до самиот крај и конечните „плус девет“.
Филип Кузмановски беше во главна улога постигнувајќи десет гола, шест погодоци за шампионот постигна Борзаш, додека најефикасен кај Бутел беше Филип Николов со десет погодоци.
Вистинските предизвици за битолчани сепак претстојат во следните петнаесетина дена, завршниот турнир од Купот на Македонија, како и двете гостувања во Скопје против Алкалоид и Вардар на кои ќе мораат да бркаат победа ако сакаат да ја одбранат ланската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА