Кузмановски – MAN OF THE MATCH…Се запале пиле трено, ФИТИЉЧЕТО…!

Многу е јак малиот, само треба некој да му го потпали фитиљот. Преседе на клупа на дуелот со Словенија, но „ел команданте“ Раул му даде важна ролја на вечерашниот натпревар против Црна Гора. И тоа, кога не одеше најдобро, а нашата надворешна линија не функционираше според замислите на селекторот.

Раул Гонзалес го повика Филип Кузмановски, го зема „зипото“ и го потпали…Се „разгоре“ Филип Кузмановски – Фитиљо, и блесна во полн сјај. Пробиви, шутеви, голови… Како што вели, најважно на крајот е да клаваш голој!

Тој беше одличен. Постигна пет гола од седум обиди, и внесе неверојатна енергичност во нашиот состав. Филип Кузмановски, дефинитивно…MAN OF THE MATCH!

Се вчитува...