КВАЛИФИКАЦИИ: Данска обезбеди место во Катар, Косово загуби дома од Грузија, Англија се „лизна“ на Вембли (ВИДЕО)

Данска е втората репрезентација после Германија која обезбеди учество на Мундијалот во Катар идната година. Одличните Данци дојдоа до осмиот триумф без примен гол во квалификациите, со што стана јасно дека нема да можат да бидат стигнати на првата позиција на табелата.

Данска вечерва во Копенхаген ја совладаа селекцијата на Австрија со 1:0 со гол на Меле.

Англија пропушти шанса да се зацврсти на првото место на табелата откако играше само 1:1 против Унгарија на свој терен. Унгарија поведе со гол од пенал, а во финишот на првиот дел Стоунс израмни.

Португалија дојоде до лесен триумф над Луксембург со 5:0 со три гола на Кристијано Роналдо, останувајќи да води битка со Србија до крајот на квалификациите за првото место. Србија, пак, со 3:1 успеа да ја совлада слеекцијата на Азербејџан благодарение на двата гола на Влаховиќ и еден на Тадиќ.

Шведска ја победи Грција со 2:0 и се чини ја отпиша од битка за второто место на таебалта.

Шкотска се намачи, но на крајот дојде до минимална победа над Фарски Острови со 0:1. Израел ја совлада Молдавија со 2:1, а Швајцарија беше поуспешна од Литванија (0:4). Бугарија со пресврт со 2:1 ја совлада Северна Ирска.

Натпреварот Албанија – Полска продолжи да се игра, откако беше во прекин поради тоа што навивачите ги гаѓаа полските играчи по постигнување на гол.

Се вчитува...