КВАЛИФИКАЦИИ СП 2022: Англија подобра од Полска, Франција минимално против Бих (ВИДЕО)

Англија ја совлада Полска со 2-1 во дербито на 3. коло во групата И од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година. Хари Кејн од пенал во 19. минута донесе водство за домаќините. На 1-1 израмни Модер во 58. минута, додека конечните 2-1 ги постави Хари Мегваер во 85. минута.

Актуелниот светски шампион стигна до минимален триумф од 0-1 на гостувањето кај Босна и Херцеговина. Клучниот момент во мечот се случи во 60. минута кога Гризман донесе триумф за актуелниот светски шампион.

РЕЗУЛТАТИ КВАЛИФИКАЦИИ СП 2022:

Андора – Унгарија   1-4

Австрија – Данска   0-4

Босна и Херцеговина – Франција  0-1

Англија – Полска  2-1

Грција – Грузија 1-1

Лихтенштајн – Исланд  1-4

Литванија – Италија  0-2

Молдавија – Израел  1-4

Сан Марино – Албанија  0-2

Северна Ирска – Бугарија  0-0

Шкотска – Фарски Острови  4-0

Шпанија – Косово  3-1

Украина – Казахстан 1-1

 

 

 

Се вчитува...