КВАЛИФИКАЦИИ СП 2022: Храбрата Србија до бод против Португалија, реми и на Чешка и Белгија (ВИДЕО)

Србија успеа да извлече големо реми на домашен терен против Португалија играјќи 2-2. Португалците по првиот дел имаа предност од 0-2 со двата гола на Диого Жота. Сепак, во второто полувреме „орлите“ на Пикси, преку Митровиќ во 46. и Костиќ во 60. успеаја да стигнат до голем бод.

Белгија одигра нерешено на гостувањето кај Чешка 1-1. Провод во 50. минута донесе водство за домаќините, додека Лукаку во 60. ги постави конечните 1-1. Луксембург стигна до изненадувачка победа на гостувањето кај Р. Ирска од 0-1, додека Малта успеа да извади реми против Словачка 2-2.

РЕЗУЛТАТИ КВАЛИФИКАЦИИ СП 2022:

Чешка – Белгија 1-1

Р. Ирска – Луксембург  0-1

Словачка – Малта  2-2

Србија – Португалија 2-2

Се вчитува...