КВАЛИФИКАЦИИ СП 2022: Романија до клучен триумф против Ерменија, Исланд со убедлива победа над Лихтенштајн

Романија стигна до рутински триумф од 1-0 над Ерменија во натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година. Александру Јонут Митрита донесе водство за Романците во 26. минута. Овој гол се покажа како сосема доволен за победа и нови три бода.

Исланд со 4-0 убедливо славеше над Лихтенштајн, па по претходниот реми исход со Ерменија, домаќините сега заверија голема победа со која запишаа осум бода на табелата. Алберт Гудмундсон со два гола, Стефан Теитур и Тордарсон Андри Гудјонсен беа најзаслужни за големата победа на домашната селекција.

Романија со оваа победа обезбеди 13 бода и успеа да се искачи на второто место, веднаш зад Германија, фудбалерите на Македонија по поразот од Германија се наоѓаат на третата позиција со 12 освоени поени.

РЕЗУЛТАТИ КВАЛИФИКАЦИИ СПО 2022:

Кипат – Малта (2-2)

Белорусија – Чешка (0-2)

Естонија – Велс – (0-1)

Хрватска – Словачка (2-2)

Латвија – Турција (1-2)

Холандија – Гибралтар (6-0)

Норвешка – Црна Гора (2-0)

Словенија – Русија (1-2)

Се вчитува...