Љафтов: Одлучи душата, одлучи желбата…, може да анализирате до бескрај ама треба срце!

Македонската одбојкарска репрезентација запиша победа против Данска од 3-1 на стартот на Европското првенство кое се игра во Скопје. Победа која го отвора патот и амбициите на Македонија за првпат во својата историја да дојде до осминафинале на едно европско првенство.

Еден од најдобрите на теренот, еден од клучните на патот до победата, Александар Љафтов истакна дека триумф е резултат на срцето и душата на секој поединец во тимот…

„Имавме анализи многу за нив, гледавме многу статистики за противникот, гледавме многу нивни натпревари, но не одлучи ништо од тоа. Одлучи душата, одлучи желбата, одлучи поддршката од навивачите, одлучи срцето. Залудни се сите анализи ако се нема срце“ – рече Љафтов, веднаш дополнувајќи:

„Против Црна Гора одиме секако повторно на победа. Мора да го заборавиме ова брзо, да ги оставиме емоциите на страна, да се спуштиме на земја и добро да се одмориме затоа што мора да одиме повторно на победа и пласман во осминафинале“.

Се вчитува...