Љафтов со специјална опрема на ЕП во Скопје: Химната на Македонија на патиките на нашиот одбојкар (ФОТО)

Александар Љафтов ќе биде еден од главните адути на македонската репрезентација на претстојното Европско првенство во Скопје, на кое одличниот одбојкар ќе настапи и со специјално дизајнирана опрема.

Имено, Љафтов денеска објави фотографии од патиките што ќе ги носи за верме на натпреварите на ЕП, на кои не само што се наоѓа македонското знаме, туку се напишани и делови од македонската химна.

Нашата одбојкарска репрезентација в среда го почнува настапот на Европското првенство во СЦ „Борис Трајковски“, а противник на Македонија ќе биде селекцијата на Данска.

Се вчитува...