Љафтов со трансфер во Саудиска Арабија

Одбојкарскиот репрезентативец на Македонија, Александар Љафтов, ќе има ново поглавје во интернационалната кариера откако потпиша договор со тимот на Али Битсам од Саудиска Арабија.

Љафтов минатата сезона ја мина во силната италијанска лига, како член на тимот на Равена, а по истекот на договорот со овој клуб се реши да ја прифати богатата понуда од Саудиска Арабија.

Македонскиот репрезентативец претходно во кариерата има настапувано и за Хебар (Бугарија), Младост Каштела (Хрватска), Анкара и Галатасарај (Турција), Спортинг (Египет), Анагениси (Кипар), Рибница (Србија) и за поранешниот македонски првак Работнички.

Се вчитува...