Љафтов: Толку ни дозволија да играме…

Одбојкарската репрезентација на Македонија беше поразена во Чешка во последниот натпревар во Скопје, и сега националниот тим се сели во Бари на пресметка со Италија.

Чесите беа одлични, разиграни и ја добија нашата селекција со 3-0. Александар Љафтов по мечот рече дека Чешка одлично ја прочитала играта на Македонија.

„Толку ни дозволи противникот да играме. Чешка беше многу подготвена за овој меч. Читаа, гледаа, цело време беа подготвени за сите наши потези. Најдобро одиграа до сега на турнирот, ние можеби најслабо, но можеби и толку ни дозволија. Но, нашата цел ја зацртавме. Малку не разниша повредата на Никола, тоа дефинтиивно влијаеше вчера. Таков е спортот, мора да се носиме со тоа, со такви ситуации, но сонот е исполнет“, изјави Љафтов.

Се вчитува...