Лајпциг го најде марифетот за Баерн Минхен

Актуелниот германски првак Баерн Минхен кој ита кон нова титула во Бундес-лигата, вечерва го доживеа третиот пораз во шампионатот. Баварскиот тим загуби на гостувањето кај Лајпциг со 2-1.

Сандро Вагнер прв го доведе Баерн Минхен во водство, но Наби Кеита успеа да израмни до крајот на првиот дел. Во второто полувреме, Тимо Вернер го постигна победничкиот погодок за Лајпциг на овој дуел.

Баерн Минхен, и покрај поразот, има огромни 17 бода предност на врвот на табелата во однос на Шалке на седум кола до крајот на првенството.

Се вчитува...