Лајпциг го отпушти Хасенхутл

Ралф Хасенхутл повеќе не е тренер на Лајпциг откако 50-годишниот стратег денеска доби отказ од управата на клубот. Германскиот клуб имаше феноменална дебитантска сезона во Бундес-лигата, стигнувајќи до втората позиција на табелата. Сепак, последнава сезона тој не успеа да ги повтори резултати, а обезбеденото место во Лигата на Европа не беше доволно за Хасенхутл да опстане на тренерската функција.

Утринскиот состанок предводен од директорот Ралф Рангник донесе неочекуван епилог, со оглед на најавите дека досегашниот стручен штаб ќе ги планира засилувањата за наредната сезона. Покрај Хасенхутл, откази добија и помошните тренери Золт Лев и Дени Рел, како и спортскиот психолог во клубот, Саша Ленсе.

Лајпциг веќе го продаде Наби Кеита на Ливерпул, а клубот сега ќе се бори да го задржи напаѓачот Тимо Вернер, за кого се интересираат бројни клубови ширум Европа.

Се вчитува...