Лајпциг го претрпе најтешкиот пораз во клупската историја во Бундес-лигата

Резултатската криза на Лајпциг не само што не беше надмината со смената на тренерот Росе, туку истата се повеќе се продлабочува, па клубот чиј член е нашиот Елиф Елмас вечерва се посрамоти на гостувањето во Франкфурт.

Фудбалерите на Ајнтрахт го демолираа Лајпциг со 4-0, нанесувајќи му го на овој тим најубедливиот пораз во клупската историја кога станува збор за настапите во Бундес-лигата. Домаќините први поведоа преку Кнауф во 21. минута, а клучен момент беше 50. минута кога Лајпциг остана со играч помалку по црвениот картон на Битшшиабу. Кнауф неколку минути подоцна зголеми на 2-0, по што мизеријата на гостинскиот тим ја зголемија Екитике и Кох.

Овој пораз значеше и губење на четвртото место на табелата од Фрајбург, па фудбалерите на Лајпциг допрва ги очекува тешка битка за враќање во Топ 4 и обезбедување на билет за Лигата на Шампионите за наредната натпреварувачка сезона.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...