Лајпциг најде излез од мини-кризата, откако поранешниот клуб на Елиф Елмас по поразите од Вердер и од Комо се врати на победнички патеки со импресивно издание против составот на Хамбургер, славејќи со убедливи 5-0.
Во меч што мина во 90-минутна доминација на домашниот тим отпорот на гостите од Хамбург беше скршен во 17. минута кога Гомис го отвори резултатот.
Нуса стрелаше прецизно за 2-0 во 32. минута, а преостанатите три погодоци беа постигнати во вториот дел, дело на Орбан, Нкунку и на Ромуло.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
