Лакабрер и Дибирова едногласни: Вардар најдобар кога беше најпотребно

Вардар е единствениот тим со максимални пет победи по првите пет кола во ЛШ сезонава, па јасно е дека во таборот на македонскиот првак постои причина за задоволство откако денеска беше освоен цел плен и на најтешкото гостување во првата фаза, во Будимпешта против екипата на ФТЦ. „Црвено-црните“ прокоцкаа солидна предност и му доволија на домаќинот да се врати, но кога беше најважно покажаа квалитет и искуство и на крајот заслужено тримфираа.

„Тука не е лесно да се игра, па и да се победи. ФТЦ има одличен тим, и тие го победија Ѓер во домашното првенство. Кај нас недостатсуваше Лекиќ, што не беше добро за нас, зашто моравме да играме без еден важен играч. Знаевме дека ФТЦ ќе сака да победи и дека ќе се обиде да игра на начин што и го очекувавме. Среќна сум поради победата. До крајот на средбата успеавме да се справиме со притисокот од публиката и да освоиме два важни бода. Имавме и лош период во играта, но знаевме како да се носиме со притисокот и ситацијата. Девојките одиграа добро кога требаше“ – истакна Ирина Дибирова.

Сличен беше ставот и на француската репрезентативка Александра Лакабрер.

„Го надигравме ФТЦ на гостински терен. Игравме без Лекиќ, но одбраната беше навистина добра. Затоа и ни беше полесно да водиме во текот на средбата. Имавме и лошо периоди, но кога беше најпотребно бевме најдобри“ – изјави десниот бек на „вардарки“.

 

Се вчитува...