Лаказет „во аут“ до октомври

Унаи Емери се соочува со сериозен проблем во пресрет на продолжението од сезоната во Премиер-лигата откако Александар Лаказет ја обнови повредата на скочниот зглоб. Францускиот интернационалец го очекува пауза од најмалку три седмици, по што „топчиите“ ќе останат со Обамејанг како единствен здрав класичен напаѓач во наредниот период.

„Лаказет веќе извесно време се мачеше со повреда на скочниот зглоб, а по последните прегледи беше утврдено дека состојбата му е влошена. Тој сега ќе мора да отсуствува извесно време, а неговото враќање го очекуваме во текот на месец октомври“ – се вели во соопштението на Арсенал.

Французинот сезонава постигна два погодоци за „топчиите“, а неговото отсуство сигурно ќе остави трага врз игрите на екипата на Унаи Емери.

Се вчитува...