Лам дефинитивно оди во пензија на крајот од сезоната

Капитенот на Баерн Минхен, Филип Лам, на крајот од оваа сезона ќе ја заврши својата активна фудбалска кариера. По Чаби Алонсо, тоа ќе биде вториот фудбалер кој сега е дел од костурот на баварскиот тим, а реши да се повлече и да замине во пензија. Според германскиот „Кикер“, Лам и дефинитивно ја донел својата одлука иако раководството на клубот и тренерот Карло Анчелоти се обиделе да го убедат да ја одложи пензијата за уште една година.

Но, капитенот ќе остане во редовите на Баерн Минхен. Ќе добие значајна улога во управата, а искажал желба да се вклучи и во работата на младинската академија, да почне да го учи тренерскиот занает.

Лам се прости од фудбалската репрезентација на Германија по освојување на мундијалот во Бразил во 2014 година.

Се вчитува...