Лампард: Чувствувам поддршка од Роман, бил тој тука или не

Менаџерот на Челси, Френк Лампард е среќен што сопственикот на клубот Роман Абрамовиќ беше дел од мечот на неговиот тим во Лигата на шампионите против Краснодар. Русинот подолго време не може да ги прати мечевите на Челси во Англија, поради проблеми со визата, но го искористи гостувањето на својот тим во неговата татковина како би им дал поддршка на фудбалерите од трибините.

„Феноменално е да го видиме, тоа е како бонус за мене и мојот тим. Се надевам дека конечниот резултат го направи среќен. Не стигнав да разговарам со него, но некои членови на стручниот штаб го направија тоа. Без разлика на се, јас цело време ја чувствувам неговата поддршка. Не е важно дали доаѓа на нашите натпревари или не“, изјави Лампард. 

Челси по две кола во Лигата на шампионите има освоено четири бода, откако покрај победата над Краснодар, ремизираше со шпанска Севилја.

Се вчитува...