Лампард: Да погледнете еден тренинг на Челси ќе ви биде јасно зошто сме катастрофални

Сезоната за заборав на Челси продолжи и на натпреварот со Арсенал во кој градскиот ривал му го нанесе шесттиот пораз едно по друго на клубот од „Стемфорд Бриџ“. Предводени од Френк Лампард „сините“ не знаат за победа па не само што не се конкурентни за место во Европа, туку се наоѓаат на девет бода од опасната зона.

Младиот англиски стратег кој во втор мандат ја извршува улогата на главен тренер по натпреварот изјави дека неговите играчи немаат самодоверба, дека ситуацијата во која се наоѓа неговиот тим е лоша и тоа може да се заклучи на самите тренинзи.

„Челси имаше многу успеси во претходните 20 години, но моментално не сме во таа позиција. Во периодот во кој сум тука, кога ќе се погледне зад сцената, на тренинзите се гледа причината зошто е така. Ако постојано ќе бидеме мил, фин тим, како во првото полувреме тогаш не е важно против кој играме.

Тоа нема да се промени преку ноќ, но мораме да се промениме што поскоро. Премногу сме пасивни, а причините се различни. Играчите немаат самодоверба, а кога сте играч на Челси морате да играте на одреден начин па дури и доколку тоа е случајот. Единствено нешто што може да не извлече од ситуацијата се разбирањето и работата“, вели Лампард.

Се вчитува...