Лампард е подготвен и да заигра против Јунајтед (ФОТО)

Франк Лампард, менаџерот на Челси, на „Олд Трафорд“ денеска ќе го има премиерлигашкото деби на клупата на лондонскиот тим, а за тоа се подготви со утринско трчање низ улиците на Манчестер. Тој секој ден трча по најмалку 8 километри, а рутината не ја изостави ниту пред дербито против Јунајтед.

Придружуван од асистентите Џоди Морис и Крис Џоунс, менаџерот на Челси трчаше низ улиците на Манчестер. Ова дерби за него има посебна тежина уште од деновите кога беше носител на играта на Челси. Сега е во нова улога, иако според физичкиот изглед и формата – би можел и да заигра и повторно да биде меѓу најдобрите.

Се вчитува...