Лампард ги брои последните денови во Челси – Пет имиња во игра за нов тренер

Челси потроши многу пари на засилувања на почетокот на сезоната, но нивните досегашни игри се далеку од одлични и ветувачки за сериозен пламан во Премиер лигата. За тоа е свесен и тренерот Френк Лампард, кој лесно би можел да ја загуби менаџерската позиција доколку неговиот тим продолжи со слаби резултати.

Англиските медиуми објавија список од дури пет имиња кои се споменуваат како можна замена за Лампард. Листата ја предводи поранешниот тренер на ПСЖ, Томас Тухел, кој конечно би можел да добие шанса да работи во Англија.

Како можни решение се споменува и Масимилијано Алегри кој долго време беше желба на неколку екипи од Англија, а списокот го заокружуваат Ралф Хасенхутл, Брендан Роџерс и тренерот на Лајпциг, Џулијан Нагелсман.

Каква ќе биде иднина на Лампард зависи од резултатите на Челси, тимот од Лондон има големи предизвици што му претстојат во следниот период, па овие натпревари ќе бидат последна шанса за Фернк да остане на кормилото на „сините“.

Се вчитува...