Лампард го „одмрзнува“ Рудигер

Френк Лампард е подготвен да го реинтегрира Антонио Рудигер во листата првотимци на Челси откако менаџерот и фудбалерот имале отворен разговор. Германецот сезонава нема одиграно ниту една минута за „сините“ од Лондон.

Иако изгледаше дека иднината за германскиот интернационалец во Челси е завршена со оглед дека не беше во тимот на шест од првите седум натпревари сепак ситуацијата е променета по конструктивниот разговор со Лампард.

Најавите беа дека Рудигер ќе си замине во јануари, а заинтересирани за него се Пари Сен Жермен и Тотенхем. Сепак изгледа дека 27-годишниот фудбалер добива нова шанса ќе биде вклучен во првиот тим многу повеќе од досега.

Се вчитува...