Лампард: Канте ми рече дека не може да оди, а потоа се случи чудо…

Нголо Канте е познат како еден од најдобрите „работници“ во светот на фудбалот, но дури и неговиот тренер Френк Лампард беше изненаден од она што францускиот ас го стори за време на Супер-купот на Европа против Ливерпул.

Канте беше доминантен на средината од теренот, добивајќи безброј битки со играчите за врска на Ливерпул, но дури и него го стигна заморот кога мечот влезе во продолженија.

„Заврши првото продолжение и токму за време на паузата ми рече дека нозете му се мртви дека не може да оди. Искрено се загрижив, но после една-две минути се случи чудо – го видов како трчаше 50 метри за да го стигне противникот и да ја освои топката. И успеа во тоа“ – изјави Лампард.

Скромниот Французин дефинитивно е чудо од фудбалер и ќе биде еден од клучните играчи на Челси оваа сезона.

Се вчитува...