Лампард: Минавме многу тежок период, сега да уживаме во оваа победа

Екипата на Челси дојде до првата победа под водство на Френк Лампард, и сега е јасно дека тимот не може да испадне од Премиерлигата. На Лампард му успеа по деветтиот меч да дојде до првиот триумф по враќњето на кормилото на „сините“, совладувајќи го Борнмут со 1-3.

Тренерот Лампард е задоволен од победата, но вели дека на тимот му претстои уште многу работа.

„Момците мораат да уживаат во оваа победа, бидејќи долго време не сме го почувствувале тоа чувство. Во соблекувалната можевте да видите дека имаме многу работа и ни требаат добри резултати за да ја вратиме самодовербата. Направивме мал чекор напред. Фудбалерите се луѓе и нормално е да бидат погодени кога не победуваат и не се чувствуваат добро. Единствениот начин да се излезе од оваа ситуација е да с бориме. Минав низ тешки времиња, и сега е време да уживаме во ова“, рече Лампард.

Се вчитува...