Лампард се вклучи во борбата за Мертенс

Дрес Мертенс без сомнение го напушта Наполи ова лето. Веднаш доби понуда од Рома, но како што пренесуваат англиските медиуми во битката за неговите услуги се вклучи и Челси.

Со оглед на тоа што наскоро му завршува договорот со Наполи, јасно е дека Челси го посакува како слободен фудбалер со можност за висок личен договор. Според најавите Мертенс би добил тригодишен договор од „сините“.

Мертенс во 29 настапи во дресот на Наполи сезонава запиша 12 гола, дополнети и со шест асистенции.

Се вчитува...