Лампард се враќа на „Стемфорд бриџ“ на местото на Сари?

Англискиот премиерлигаш Челси ќе се раздели со менаџерот Маурицио Сари дури и ако успее да го освои трофејот во Лигата на Европа, а негов наследник на клупата треба да биде клупската легенда Френк Лампард. Тој има одлична сезона со Дерби, успеа да го внесе во финалето на плејофот во Чемпионшип дивизијата за пласман во Премиер – лигата и покажа дека има квалитети за работа во голем клуб.

Раководството на Челси е подготвено да го врати на „Стемфорд бриџ“ како менаџер и да му даде шанса да создаде нов тим, кој би бил конкурентен за највисок пласман. Лампард е еден од омилените ликови кај фановите на клубот и секако би добил огромна поддршка доколку биде именуван за нов менаџер. Сепак, преговорите ќе се одвиваат на почетокот на јуни, откако и Челси и Дерби ќе ги заокружат активностите за оваа сезона.

Се вчитува...