Лампард влезе во „Куќата на славните“ на ПЛ

Поранешниот играч за врска и тренер на Челси, Френк Лампард е избран за член на „Куќата на славните“ на англиската Премиер лига. Трикратниот шампион на Англија со Челси, Лампард е играч за врска со најмногу голови во историјата на Премиерлигата, со вкупно 177 погодоци играјќи за клубовите на Вест Хем, Челси и Манчестер Сити.

Френк е петтиот играч што влезе во новосоздадениот Дом на славните досега.

Пред него, жирито ги избра поранешниот напаѓач на Њукасл, Алан Ширер и Французинот Тиери Анри, како и поранешните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона и Рој Кин. Според најавите од Премиер лигата, уште три имиња ќе бидат објавени во наредните денови.

Се вчитува...