Лапорта: Можам само едно нешто да гарантирам, а тоа е дека Чави еден ден ќе биде тренер на Барселона

Претседатело на Барселона, Жоан Лапорта денеска одржа прес-конференција на која го претстави привремениот тренер на тимот, Серџи Бархуан. Промоцијата на тренерот кој досега ја водеше Барселона Б, беше во сенка на прашањата кои ги добиваше Лапорта околу доаѓањето на Чави Хернандез на клупата на Каталонците.

Лапорта вели дека во моментов може само да гарантира дека Чави еден ден ќе ја презеде Барселона.

„Секогаш говорам дека Чави еден ден ќе ја презеде Барселона. Тој го сака фудбалот и тој припаѓа во Барселона. Им верувам на луѓето кои што се околу мене, кои го знаат него, го следат, но ги следат и другите тренери. Мислам дека Чави е во интересен процес на растење како тренер и слушам многу позитивни работи за него од луѓето кои што му се блиски. Со него сум во контакт веќе два месеци и имаме добар однос. Го знам неговиот став за тимот“, изјави Лапорта. 

Чави помина седумнаесет години во дресот на Барселона во која Каталонците доминираа со европскиот фудбал. Во Ал-сад е тренер од 2019 година, период во кој досега освои седум трофеи.

Се вчитува...