Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и сега веќе поранешниот тренер Роналд Куман немаа баш сјаен однос уште на стартот на нивната заедничка соработка.
Холанѓанецот знаеше да го искритикува Лапорта и тоа преку медиумите во неговата татковина, а по серијата лоши резултати очекувано заработи отказ од тренерската позиција. Сега и Лапорта вели дека требал многу порано да се ослободи од Куман.
„Гледајќи од денешната дистанца можеби ќе беше најдобра одлука и порано да го направевме тоа. Сега е лесно да се каже, но имаше разни околности кои не натераа да почекаме со таквата одлука. Мислевме дека на Куман ќе му биде потребно малку повеќе време. Ја преземам целосната одговорност, но ситуацијата дојде до момент по кој не можевме понатаму“, додаде првиот човек на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА