Лапорта: За Дембеле нема место во Барселона!

Францускиот репрезентативец Осман Дембеле требаше до крајот на зимскиот преоден рок да ја напушти Барселона, меѓутоа 24-годишниот фудбалер не прифати ниту една понуда од заинтересираните клубови и до лето планира да остане на „Камп Ноу“.

Дембеле беше голема желба на ПСЖ, Челси и Тотeнhем, но ги одби понудите и го шокираше претседателот Жоан Лапорта, кој откри што ќе се случи со Французинот во следните месеци.

„Ние градиме тим за во иднина и важно ни е тоа на кого може да сметаме следната сезона. На Дембеле најверојатно нема да сметаме, зашто неговиот агент не ги прифати условите кои ги понудивме. Тие не сакаат пак да преговараат, зашто јас мислам дека тој има договор со друг клуб, па најверојатно повеќе нема да заигра за Барселона. Секако, конечната одлука е на Чави“, кажа Лапорта.

Французинот оваа сезона за Барселона одигра само 11 натпревари, а притоа постигна еден гол и запиша две аситенции, па целосно го разочара раководството на клубот.

Се вчитува...