Лас Вегас од спектакл до фарса: Првиот тренинг прекинат поради шахта на патеката

Лас Вегас викендов ќе ја организира првата трка во Формула 1 што беше најавувана како супер-спектакл, но првиот официјален тренинг се претвори во тотално фијаско.

Имено, болидите излегоа на патеката, но тренингот траеше само девет минути и беше откажат поради проблем со една од шахтите на патеката. Имено, болидите на Саинц и на Окон беа оштетени откако се олабавил еден дел што требаше да ја затвори целосно шахтата.

Ф-1 стјуардите се мачеа да го решат проблемот, а потоа се решија и да ги прегледаат сите останати шахти на патеката за да не дојде до сличен инцидент во наредните денови, што значеше и експресен крај на првиот тренинг.

„Шоуто во Лас Вегас е мега-спектакуларно. Сепак, мораме да го издвоиме шоуто од спорткиот аспект. Недозволиво е да имате ваков проблем со шахта, едноставно недозволиво. Поправањето на болидот на Саинц ќе чини богатство, кој ќе го покрие тоа“, изјави тимскиот шеф на Ферари, Фредерик Васур.

Се вчитува...