Ласков го засили грчки Арис

Mладинскиот репрезентативец на Македонија до 19 години, Борче Ласков, е нов член на грчкиот прволигаш Арис. Тој потпиша двегодишен договор и се пресели во Солун, откако досега настапуваше за младинскиот тим на Мајнц.

Арис успешно ја стартуваше сезоната во грчката елитна дивизија, остварувајќи две победи. Ласков се приклучува на сениорскиот погон и ќе се бори за место во составот на грчкиот прволигаш.

Се вчитува...