Лацио најде наследник на Билја во Ливерпул

Челниците на Лацио не губеа многу време за да најдат замена за капитенот Лукас Билја, кој денеска ќе го комплетира трансферот во Милан вреден 20 милиони евра. Римскиот клуб за наследник на аргентинскиот репрезентативец ќе го доведе Лукаш Леива, откако веќе ги договори условите за трансфер од редовите на Ливерпул.

Бразилецот веќе извесно време се поврзува со заминување од „Енфилд“, а по одбиената понуда од Трабзон тој е сериозно заинтересиран за преселба во Рим. Ливерпул веќе ја прифатил понудата од пет милиони евра на „лацијалите“ и за реализација на трансферот се чека само доаѓањето на Леива во италијанската метропола, каде по лекарските прегледи би потпишал двогодишен договор со „лацијалите“.

Леива беше доведен во Ливерпул од страна на Рафа Бенитез и важи за еден од милениците на фановите на Ливерпул, иако со години наназад не е стандарден првотимец кај „црвените“. Покрај како последен играч за врска, Бразилецот по потреба одлично се снаоѓа и во одбранбената линија како класичен дефанзивец.

Се вчитува...