Лацио одлично ја стартуваше новата сезона, а управата на клубот се обиде да доведе квалитетно засилување почнувајќи преговори со Мауро Икарди.
Аргентинецот е слободен играч по истекот на договорот со Галатасарај и може да потпише и по затворањето на преодниот рок, а „лацијалите“ во него гледаа како на идеално решение за голгетерската позиција, особено откако летово Диа и Ратков беа пуштени на позајмици во Рен, односно во Леванте.
Сепак, овој транфер нема да се реализира откако Џенаро Гатузо цврсто се спротивставил на идеајата поранешниот голгетер на Интер да пристигне на „Олимпико“.
Гатузо верува дека Пинамонти во моментов е далеку подобра опција и не сака да ја наруши хармонијата во тимот со потпис на Икарди, кој веднаш би станал и меѓу најплатените фудбалери во екипата.
Управата на крајот се согласила со аргументите на тренерот, по што преговорите со Икарди се целосно прекинати и искусниот голгетер дефинитивно нема да ја продолжи кариерата во дресот на римскиот прволигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
