Лацио „шокиран“ на свој терен од Торино (ВИДЕО)

Екипата на Торино направи големо изненадување и го совлада тимот на Лацио во Рим, со што му го загрози второто место на табелата. Сега Јувентус со победа има шанси да се врати на втората позиција на табелата.

Иван Ивиќ беше човекот на одлука за Торино, кој донесе три бода од ова тешко гостување. Лацио имаше шанси само на почетокот на натпреварот, додека после водството Торино беше блиску и до втор гол и порано да ја „запечати“ победата.

Торино со оваа победа се искачи на 10. позиција на табелата, со девет бода заостанување од шестата позиција која носи пласман во Лигата на Конференции.

Се вчитува...