Напаѓачот на Аргентина, Лаутаро Мартинез, конечно, го прекина постот за својата селекција. После 17 одиграни натпревари, се запиша во листата на стрелците за репрезентацијата, постигнувајќи гол на пријателскиот меч со Костарика, кој светскиот првак го доби со 3-1.
Последен пат Лаутаро погоди на пријателски меч со Хондурас во септември 2022 година. На Мундијалот во Катар ниту еднаш не се запиша во листата на стрелците.
За Интер сезонава Лаутаро има 10 голови во 1251 одиграни минути за својата екипа.
Покра Лаутаро, за Аргентина голови постигнаа и Ди Марија и Мекалистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА